EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА Занимливости

Покрај контејнер пронајдена слика вредна 280 илјади евра

Надреалистичка слика во вредност од 280.000 евра е пронајдена покрај контејнер за рециклирање хартија во Германија, соопшти полицијата.

Вредното уметничко дело на францускиот сликар Ив Тангуј случајно го оставил бизнисмен на аеродромот во Дизелдорф, пренесува „Индекс“.

Тој заборавил да ја земе сликата спакувана во картон пред летот за Тел Авив кон крајот на минатиот месец, и кога сфатил дека ја нема, ја контактирал полицијата веднаш штом слетал.

Мистеријата била решена дури откако негов роднина од Белгија пристигнал во Дизелдорф и разговарал со полицијата.

Инспектор, потоа, успеал да ја најде слика покрај контејнер за рециклирање што работниците од аеродромот го користат за чистење на аеродромот.

– Ова дефинитивно беше една од нашите најсреќни приказни годинава, рече портпаролот на полицијата Андре Хартвиг.

– Тоа беше вистинска детективска работа, рече тој.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Факти за храната што ја јадеме

Angela

Мајката на Џорџ Харисон се срамела што е жена поради „битлманијата“

Angela

Ги носите многу години? Ретко кој знае дека очилата за сонце имаат рок на траење!

Angela