EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Свет

Полицијата од три држави на нозе во нова потрага по Медлин која исчезна пред 16 години- се пребарува езеро

Полицијата која го истражува исчезнувањето на Медлин МекКан утринава започнала потрага во акомулациско езеро во Португалија. Полициски нуркачи беа видени како влегуваат во водата на браната Араде во вторникот наутро, што е на околу 50 километри од местото каде што малото британско девојче исчезна во одморалиштето Ocean Club во Праја да Луз на 3 мај 2007 година, каде што беше со своето семејство кога таа имаше само три години.

Делот од полуостровот на кој се наоѓа езерото и блискиот пат, долг нешто повеќе од еден и пол километар, полицијата ги затвори во понеделникот попладне, објави португалската телевизиска мрежа SIC. Во близина на локацијата се подигнати сини шатори за потрагата која ќе трае најмалку два дена.

Британската полиција во потрага по исчезнатото девојче Медлин МекКен доби дополнителни 110.000 фунти за нивната макотрпна истрага, а британските медиуми објавија дека тие би можеле да бидат на работ на пробив. Полицијата претходно побара дополнителни средства во средината на тековната финансиска година за продолжување на истрагата.

Португалското обвинителство го именуваше Кристијан Брукнер (45) како официјално осомничен. Од 2022 година тие се поврзуваат со овој случај. Германската полиција побарала претрес на браната откако открила дека Брукнер ја посетил областа во моментот на исчезнувањето на девојчето.

Брукнер, кој моментално отслужува затворска казна во Германија за силување жена во Португалија во 2005 година, никогаш не бил обвинет за исчезнувањето на Медлин и тврди дека нема никаква врска со тоа. Сепак, германскиот државен обвинител Волтерс го смета за првоосомничен, имајќи предвид дека Брукнер живеел во близина на одморалиштето помеѓу 2000 и 2017 година.

Германските власти беа убедени дека таа е мртва и имаа намера да го обвинат него за нејзиното киднапирање иако телото никогаш не беше пронајдено. Брукнер жестоко негираше каква било вмешаност во киднапирањето.

Медлин исчезна додека спиеше сама со своите помали браќа и сестри близнаци Шон и Амелија. Родителите Кејт и Џери во тој момент биле на вечера во блискиот ресторан со пријателите.

Медлин сега би имала 20 години.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Во сабота е голем празник: Ѓурѓовден е врзан за здравје и женачка- еве што треба да направите

Angela

И денеска високи температури, до четврток земјава во портокалова фаза

Angela

Од денеска започна пријавување за вакцинација од сезонски грип

Angela