EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана НАСЛОВНА

Полнети палачинки: Жешка чоколадна сензација готова за 10 минути

Има ли нешто поубаво од растопено чоколадо? Сигурно има, но додека размислуваме за топол десерт, ништо друго не ни паѓа на памет…

Сакате ли брзо да ги надополните пропуштените калории или пак очајнички ви се јаде нешто благо – пробајте чоколадо во смеса за палачинки.

Подготовката не бара посебни кулинарски способности. Потребно е да направите вообичаена смеса за палачинки, само малку погуста.

Доколку сакате смесата да биде покомпактна, тогаш во неа може да додадете и прашок за печиво, а за арома и малку рум, ванилин шеќер и изрендана кора од лимон.

Парчињата чоколадо изберете ги според вкусот, а пред да ги подготвувате палачинките ставете ги во замрзнувач еден час.

Состојки:

– 1 јајце;
– 200 милилитри млеко;
– 200 милилитри минерална вода;
– 8 лажици брашно;
– прстофат сол;
– чоколадо по избор (Сникерс, Баунти, Марс);
– масло за јадење.

Подготовка:

1. Изматете ги јајцата, па додадете млеко во смесата.

2. Во посебен сад измешајте го брашното и солта, па постапно додавајте го млекото и јајцата додека не добиете смеса за палачинки.

3. Загрејте го маслото за јадење во тенџере или подлабока тава на 175 степени Целзиусови.

4. Потопете го чоколадото во смесата, па пржете околу две-три минути.

5. Внимателно извадете ги палачинките од тавата и оставете ги да се цедат на кујнска хартија

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Ролинг стоунс со прв албум по смртта на тапанарот Вотс

Angela

Се качи на сцена и ѝ удри шлаканица, по Бебе Реџа уште една албанска пејачка нападната среде концерт во САД (ВИДЕО)

Angela

ОВА Е НАЈГОЛЕМАТА ТИКВА ВО РУСИЈА Плодот тежи 400 килограми (ФОТО)

Angela