EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

Пописот во прекин

Според последните се уште неофицијални информации пописот е во прекин и на попишувачите денеска им е кажано да останат дома и да не ги спроведуваат пописните активности. Кои се причините за тоа се уште нема информации.

Директорот на Државниот завод за статистика во моментов не е достапен за коментар и од други медиуми побарал да не го прашуваат ништо за пописот бидејќи во моментов е на состанок. Кратко кажал дека сите информации поврзани со пописот ќе ги соопшти владата во соопштение.

Пописот почна пред 4 дена и целата процедура ја следеа технички проблеми со апликацијата кои според последните информации сепак биле надминати.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

СЗО алармира: 85 отсто од случаите со мајмунски сипаници се во Европа

Angela

Кое е значењето и симболиката на Велика Сабота?

Angela

Како да се зголеми квалитетот на спермата?

Angela