EXCLUSIVE MK
Кошарка

Пораз од Шпанија за македонските јуниори на ФИБА купот

Македонската машка јуниорска кошаркарска репрезентација не успеа да го изненади фаворитот Шпанија и претрпе пораз од 62:69 во третото коло на ФИБА „Челенџер“ купот во Скопје.

По стартниот пораз од Хрватска и триумфот над Грузија, македонските кошаркари пружија достоен отпор во натпреварот против силната Шпанија.

Противникот резултатски се одвои со серија од 9:0 на средина на втората четвртина и на полувреме замина со предност од убедливи 37:19. Македонските кошаркари влегоа во ритам во завршната четвртина и со идентична серија од 9:0 ја намалија негативата на 49:59 на пет минути до крајот на натпреварот.

На 1:08 минути пред последниот судиски свиреж разликата беше уште помала (59:65), но „црвено – жолтите“ немаа сили за комплетен резултатски пресврт. Во четвртото коло, што е на програмата на 7. август, македонските кошаркари за противник ќе ја имаат селекцијата на Србија, која заедно со Шпанија има максимален ефект од три победи на ФИБА купот во Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Шоу на Јокиќ: Парадата е в четврток? О, не, требаше в четврток да бидам дома (ВИДЕО)

Angela

ВИДЕО: Вориорси со моќен втор дел ја израмни финалната серија со Бостон

Angela

Кошаркар на Лејкерс дојде во Куманово

Angela