EXCLUSIVE MK
Црна хроника

Поранешен осуденик активираше бомба во Основниот суд во Подгорица

Младен Булатовиќ од Подгорица загина откако самиот активирал експлозивна направа во ходникот на Основниот суд во Подгорица.

Во експлозијата се повредени неколку лица, петмина се во Клиничкиот центар во Црна Гора и нивната здравствена состојба е стабилна. Полициското соопштение укажува дека тие добиле повик во 11 часот и 35 минути „дека во зградата на судот е активирана експлозивна направа и дека има повредени“.

Неофицијално, меѓу повредените има еден адвокат, двајца вработени во Основниот суд во Подгорица и тројца граѓани, кои добиле рани од експлозивните шрапнели, но сепак се надвор од животна опасност. Четворица од нив биле задржани на понатамошно лекување.

Според пишувањата на медиумите од регионот, тој веќе и бил познат на полицијата и претходно бил гонет под сомнение за шверц на дрога, но и за фалсификување и напад врз претставници на органите за јавна безбедност.

Обвинителството и полицијата работат на случајот.

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Дваесетина мигранти од Конго откриени при сообраќајна контрола

Angela

Пожар во зграда во Аеродром, експлодирале две плински боци

Angela

Жена од Гостивар паднала од балкон – со тешки повреди пренесена во болница

Angela