EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Шоу биз

Поранешната членка на групата „Hurricane“ тврди дека претставничката на Израел ја копира: „Ивана и годинава на Евровизија, ви се извинуваме“ (ФОТО)

Ивана Николиќ, поранешна членка на групата „Hurricane“ која во 2021 година ја претставуваше Србија на Евровизија, тврди дека Ноа Кирел, овогодишната претставничка на Израел, го копира нејзиниот изглед.

Имено, Ивана на својот Инстаграм профил споделила неколку фотографии на кои тие две се облечени во слични модни комбинации.

„Ивана Boom Николиќ и оваа година на Евровизија, се извинуваме“, напишала пејачката.

Ноа, која има 22 години во првата полуфинална вечер на Евровизија во Ливерпул ја воодушеви публиката со енергичниот настап и, и тоа како стана фаворит за победа. Својот дебитантски сингл “Medabrim?“ таа го објавила кога имала само 14 години.

Договорот со „Atlantic Records“ го потпишаа кога имала само 18 години.

Ивана со Сања Вучиќ и Ксенија Кнежевиќ кои исто така беа членови на бендот „Hurricane“ во 2021 година го освоија 15-то место на Евровизија во Ротердам.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Пилешко со моркови на едноставен начин: Месото е сочно и меко како путер

Angela

ДЕНЕСКА Е СПАСОВДЕН: Ова се обичаите за овој голем празник

Angela

1.210 нови случаи на Ковид 19 – пријавени 32 починати лица

Angela