EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Шоу биз

Поранешниот батлер на Чарлс проговори за новиот дрес код за крунисувањето: Една работа особено ќе биде променета од крунисувањето на кралицата Елизабета!

Поранешниот батлер на Чарлс Трети, Грант Харолд, објасни дека кодексот на облекување за крунисувањето на 6 мај ќе биде „огромна промена во кралскиот протокол“, известува Пејџ сикс.

„Овој настан ќе биде сосема поинаков од крунисувањето на кралицата Елизабета Втора кога станува збор за кодексот на облекување“, изјави тој.

Според него, британската аристократија традиционално носела традиционални наметки за крунисувањето, но сега нивната облека ќе изгледа поинаку.

„Ако го погледнете крунисувањето на кралицата, ќе видите дека војводите, војвотките и грофиците имале посебни традиционални облеки кои биле специјално дизајнирани за крунисувањето. Историски гледано, овие наметки ги носела аристократијата, но сега тоа нема да биде така. На ова крунисување, повеќето членови на кралското семејство ќе носат свечена облека, фустани и костуми, а не специјални наметки“, рече Харолд.

Харолд е сигурен дека кралското семејство ќе одбере дизајнерски костуми и фустани за овој значаен ден.

„Верувам дека дамите ќе бидат облечени во елегантни  фустани. За вечерниот настан, тие може да носат дури и балски фустани, но во текот на денот ќе бидат облечени во коктел-футани, односно елегантни и модерни дизајни“, објаснува тој.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Се преврте автобус со патници кај Битола

Angela

Кокаинот доаѓа во Европа со јужното овошје?

Angela

Лорин не е единствената која победила на Евровизија двапати – овој пејач го направил истото, кога ќе го слушнете неговиот хит се ќе ви стане јасно! (ВИДЕО)

Angela