EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Шоу биз

Порано вакво нешто беше незамисливо: Анастасија Ражнатовиќ целосно се опушти во бременоста (ФОТО)

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ се повлече од јавноста пред неколку месеци кога се пресели во Шпанија со цел постојано да биде со својот партнер Немања Гудеља.

Да потсетиме, Анастасија не се појави ниту кога нејзиниот брат Вељко Ражнатовиќ го доби вториот син Крстан, бидејќи не смее да ја напушти земјата поради процесот на вадење документи, а потоа дојде радосната вест дека таа самата е во блажена состојба.

Бидејќи порано беше позната како една од најубавите пејачки на јавна сцена, Ражнатовиќ, меѓу другото, беше позната и по редовните патувања во теретана и внимателно избраната диета, а сега сето тоа, очигледно, падна во позадина, бидејќи очекувано, здравјето на бебето е на прво место.

Имено, Анастасија на социјалните мрежи покажа како „јаде“ голема порција јагоди со шлаг и бисквити, што беше нешто што претходно беше незамисливо во нејзиниот план за исхрана, а нејзините следбеници и порачаа „само да се опушти“, „да се препушти на себе“ и „јаде се што досега се воздржувала“.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Дневен хороскоп за понеделник (16.08.2021)

Angela

ФОТО: По вечерата, Шакира на глисер со Луис Хамилтон – пејачката не ја тргнува насмевката од лицето

Angela

Еден загинат и девет повредени во земјотресот на Крит

Angela