EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Економија НАСЛОВНА

Поскапување и поевтинување за половина денар на горивата

Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар, а за толку поевтинуваат ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи на денешната седница Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 77 денари, литар ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава по 79 денари. За литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се плаќа по 68 денари, како и 67,5 денари за  литар Екстра лесно 1 (ЕЛ-1).

Се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, за 0,242 денар/килограм, и  ќе изнесува 42,135 денари за колиграм.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 1,292 проценти , кај дизелот има намалување за 0,461 проценти , кај екстра лесното масло намалувањето е за 0,817 проценти и кај мазутот намалувањето е за 0,838 проценти. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,103 проценти, информира РКЕ во одлуката за промена на цените на горивата.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Прва фотографија на Ана Ивановиќ по породувањето – Вака изгледа поранешната тенисерка по третата бременост

Angela

Земјотрес од 4,1 степен во близина на границата на Албанија со Црна Гора

Angela

Не се воздржувајте од палачинки за време на постите

Angela