EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана

Појадок по рецепт на нутриционист – одличен за јакнење на имунитетот

Добро е познато дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот, па затоа истиот треба да биде добро избалансиран. Намирниците кои ги внесуваме во организмот играат важна улога и одредуваат како ќе се чувствуваме во текот на денот. Нутриционистката Мери Клејн советува секое утро да го започнувате на овој начин и организмот ќе ви биде благодарен.

За припрема ви се потребни следните состојки:

– 1 јогурт

– 1 јаболко (исечкано на коцки)

– 1 лажичка мед

– 40-50 грама сечкани бадеми

– половина лажичка цимет

– 30 капки прополис

– 3 лажички овесни снегулки

– суво или свежо овошје по избор

Припрема:

Јаболкото ставете го во вода и варете додека не омекне, а потоа изблендирајте го за да направите каша.

Во друг сад, зовријте вода и во неа додајте ги овесните снегулки. Варете со постојано мешање додека не добиете хомогена смеса (околу 1 минута).

Потоа, помешајте го јаболкото со овесните снегулки и додајте ги сечканите бадеми, циметот, прополисот и медот. На крај додајте суво или свежо овошје по избор и појадокот е спремен.

Зошто овој појадок е толку добар?

Јаболкото го апсорбира холестеролот од храната и ја подобрува работата на дебелото црево. Изобилува со цинк кој го зајакнува имунитетот, а исто така е добар избор на витамин Ц благодарение на овошјето. Медот докажано поволно влијае на имунитетот, а јогуртот содржи корисни бактерии кои делуваат на здравјето на дигестивниот систем, а со тоа го зајакнуваат имунитетот.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Кои се симптомите на рак на дебелото црево?

Angela

Чудесното грчко семе може да го намали холестеролот и до 33 отсто

Angela

Лоши последици од неправилно туширање

Angela