Ријана речиси една година успешно го криеше името на синот, но сега странските медиуми дојдоа до изводот од матичната книга на родените.
Помина повеќе од една година од раѓањето на синот на светски познатата музичка ѕвезда Ријана, а сега конечно е откриено како се вика нејзиното дете кое го има со партнерот АСАП Роки.
Британскиот таблоид „Дејли мејл“ дошол до копија од изводот од матичната книга на родените на малото момче, на кое пишува дека парот му дал име РЗА (Риза) Ателстон Мајерс.
Познатиот пар очигледно својот син го именувал во чест на музичкиот продуцент и рапер RZA, фронтменот на хип-хоп групата „Wu-Tang Clan“ од Њујорк.
Пејачката по породувањето неколку пати беше фотографирана во облека со името на тој бенд, а познато е дека нејзиниот партнер соработувал со член на групата Раеквон.
View this post on Instagram
Изводот од матичната книга на родените открива и дека РЗА е роден во медицинскиот центар Седарс-Синаи во Лос Анџелес.
Ријана за време на настапот на полувремето на овогодинешниот „Супер Боул“ откри дека е бремена по втор пат, а полот на бебето се уште не е познат.