EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Свет

Православните верници го слават Велигден

Свештениците денеска беа облечени во бели и светли одежди како симбол на радоста за разлика од претходните денови кога се носеше облека со темна боја заради големата жалост. Со велигденската литургија чино – началствуваше неговото блаженство господин господин Стефан митрополит Скопски, архиепископ Охридски и Македонски заедно со свештеници од скопската епархија.

Со традиционалниот велигденски поздрав со кој од полноќ сите православни христијани се поздравуваат поглаварот на МПЦ господин господин Стефан им го честиташе големиот празник. Во свечениот говор беа упатени повици за заедничка молитва за покајание и прошка за да се запре војната во Украина помеѓу православните христијани а беше упатени и порака за мир и благосостојба за целиот македонски народ каде и да е.

За граѓаните ова е еден од најголемите празници кој го започнуваат со молитва а попладне го прославуваат со семејна трпеза со најблиските каде вообичаен велигденски деликатес беше приготвеното јагнешко месо кое годинава заради високите цени велат можеби и нема да го има секаде.

Граѓаните на велигден гледаат како на најголем празник кој воедно е и семеен празник и празник на љубовта и мирот а овој велигден полека се враќа сјајот на прославата со собирање на поголеми групи на верници кои изминатите две години заради пандемијата не можеа достојно да си го прослават празникот. На велигденската литургија покрај големиот број на верници присуствуваа и дел од политичарите, , вицепремиерката Грковска министерот за внатрешни Спасовски, лидерот на опозицијата Мицкоски, градоначалничката на Скопје Арсовска и поранешниот претседател Иванов.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Во Скопје 144 санкционирани возачи, 42 за брзо возење

Angela

Училиште во Турција ќе се вика „Македонија“ во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот

Angela

Маж од Тетово направил дрска измама, бидете внимателни и вие

Angela