EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА СПОРТ Фудбал

Првиот македонски селектор Андон Дончевски „упадна“ на тренинг на А репрезентацијата

Најдобрата македонска фудбалсска репрезентација продолжува да се подготвува за дуелот против Малта, со кој го започнува новиот циклус во квалификациите за Европското првенство.

На еден од последните тренинзи на терените кај ФФМ, се појави и специјален гостин, легендарниот Андон Дончевски. Првиот селектор на македонската репрезентација ги поздрави актуелните носители на играта во националниот ти, изразувајќи почит со неочекуваниот потег при што и буквално „им симна капа“ на репрезентативците од оваа генерација и им посака успех.

„Чичко Дончо“ на крајот доби и дрес од капитенот Стефан Ристовски. Фудбалската федерација на Македонија објави видео од настанот преку социјалните мрежи.

Средбата со Малта се игра на 23 март, додека четири дена подоцна ќе имаме пријателски натпревар против Фарски Острови.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ТЕМПИРАНА БОМБА НА 43 ГОДИНИ – српската пејачка не слушнала за градник, секоја фотографија е мелем за машките очи, особено една е (+18)

Angela

Како ќе изгледа: Карневалот во Рио де Жанеиро во 2022 година ќе трае 40 дена

Angela

ГРАНД ѝ додели на Ангелова кола од 20.000 евра, а само од нејзините гласови преку СМС продукцијата заработила вртоглава сума на пари

Angela