EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА Занимливости НАСЛОВНА

Првите туристи ќе заминат во Меѓународната вселенска станица во 2023 година

Двајца вселенски туристи ќе заминат во Меѓународната вселенска станица на во 2023 година, откако е потпишан договор помеѓу RSC Energia (Русија) и Space Adventures Inc. (САД),  се наведува во соопштението од руската компанија.

„RSC Energia и Space Adventures Inc. имаат потпишано договор за спроведување краткорочна експедиција на двајца учесници во вселенски летала во рамките на „Сојуз MС“ во 2023 година до рускиот сегмент на Меѓународната вселенска станица, се наведува во соопштението.

Според договорот, еден од вселенските туристи ќе замине во Космосот со професионален астронаут.

„Се предвидува за време на експедицијата, еден од учесниците во вселенскиот лет, заедно со професионален руски астронаут, да излезе во Космосот од рускиот сегмент на Меѓународната вселенска станица, се додава во соопштението.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Трогателната објава на Марија Шерифовиќ по веста за смртта на Саша Видиќ (ФОТО)

Angela

НА ВЕЛИГДЕН ПРИКОВАН ЗА КРЕВЕТ – Дарко Лазиќ не може да стане, неговата девојка му ги преврзува раните (ФОТО)

Angela

Отворени пунктовите за вакцинација против сезонски грип

Angela