EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

Предлог закон за зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк

Со Предлог-закон што е доставен до Собранието се бара зголемување на износот за субвенциониран студентски оброк од 120 на 140 денари.

Според предлогот, исто така, од септември треба да почне да се применува системското решение на субвенционираниот студентски оброк. Ова значи дека студентите преку посебни дигитални картички ќе можат да купуваат оброк само кај регистрирани даватели на субвенциониран оброк, за 140 денари дневно.

Нацрт-законот на својот Фејсбук профил го објави пратеничката Санела Шкријељ. Системското решение предвидува Министерството за образование и наука (МОН) пред почетокот на академската 2023/2024 година да објави јавен повик за избор на банка која ќе спроведе набавка и ќе овозможи поддршка на дигиталните картички.

Јавен повик треба да биде објавен и до угостителски објекти кои треба да склучат договор со МОН и би подготвувале и продавале храна по пониски цени за студентите – корисници на правото на субвенциониран оброк. Даватели на субвенциониран студентски оброк ќе можат да бидат трговци кои се регистрирани согласно со Законот за угостителската дејност или продавници согласно со Законот за трговија и кои поседуваат сертификат од независна институција за имплементиран НАССР систем.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Ако вложевте 1.000 долари во Биткоин пред 10 години, еве колку пари ќе имавте сега

Angela

Моден двобој на двете кралици: Ранија и Летиција модни „ривалки“ со едно нешто заедничко (ФОТО)

Angela

Авганистан е на работ на граѓанска војна, вели американски генерал

Angela