EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА СПОРТ Фудбал

Пред три години разнесуваше пица, синоќа го сруши Атлетико

Милан синоќа го победи Атлетико на „Ванда Метрополитано“, а херој на „росонерите“ беше Жуниор Месијас. Денес Бразилецот е главна тема во цела Европа, поради неговата неверојатна, но инспиративна приказна.

Имено, Месиас до пред три години беше дел од италијанската четврта лига. Тој разнесуваше бела техника како примарна работа и се натпреваруваше во аматерска фудбалска лига.

Играше во аматерски клубови, а на 28 години стигна до Кротоне во Серија  Б. Минатата сезона со Кротоне одигра одлична сезона во Серија А со 10 гола и 10 асистенции, па заработи трансфер во Милан.

Синоќа дебитираше во најелитното европско натпреварување и со неговиот гол Милан го победи Атлетико Мадрид.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Барди во друштво на Роналдо, Мендиета, Ди Стефано, Негредо..!

Angela

Јагуриновски пристигна на Исланд во тимот на Алушовски

Angela

Илинден – 118 години од Крушевската република и 77 години од Првото заседание на АСНОМ

Angela