EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Економија НАСЛОВНА

Преживеаните во несреќата во Бугарија се во стабилна општа состојба

Сите 7 преживеани во тешката сообраќајна несреќа на магистралниот пат „Струма“ во Бугарија се во стабилна општа состојба и нема опасност по нивните животи, јавува „БНТ“. Од македонското Министерствто за здравство пак соопштија дека тие ќе останат на болничко лекување до петок, а потоа ќе се направи план за нивен транспорт во Скопје.

На двајца пациенти им бил извршен хируршки зафат, односно еден пациент е опериран на ногата, а помал хируршки зафат бил извршен и кај девојка, на која и е оперирано коленото.

Од болницата „Пирогов“ соопштија дека сите пациенти многу добро ја поминале ноќта и дека се во добра состојба. Истовремено, тие соопштија дека еден од пациентите е во тежок психички шок и дека психолози работат со сите пациенти. Двајца од нив успеале и да се видат со своите роднини.

Во вчерашната несреќа животот го загубија 45 лица. Северна Македонија поради несреќата вчера прогласи тридневна жалост, а ден на жалост денеска е прогласен и во Косово и Бугарија.

Инаку, министерот за транспорт и врски вчера на прес-конференција соопшти дека автобусот кој вчера изгоре не бил пријавен за меѓународен транспорт, а дополнително изјави и дека започнала постапка за одземање на лиценцата на компанијата „Беса транс“.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Паника во Хрватска: ИСЧЕЗНА позната пејачка, самоволно ја напуштила болницата и никој не знае каде е

Angela

Луѓето пред 900.000 години биле пред исчезнување

Angela

Серхио Рамос го прозва Илон Маск

Angela