EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

Премиерот не е најпопуларен: Македонските политичари на социјалните мрежи

Од вкупно 21 претставник на Владата, 20 имаат профили на социјалната мрежа „Facebook“, при што министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски има над 77.500 следбеници, вели анализата објавена од „Радио Моф“, чиј пресек е направен на 27 март 2023 година.

Љупчо Николовски и Димитар Ковачевски се во трка за второто место со 46.000 односно 42.000 следбеници, пред Бујар Османи и Артан Груби со 38.000 односно 31.000 „фанови“,по што следуваат Крешник Бектеши (23.000) и Благој Бочварски (15.000).

Спротивно на ова, министерот за надворешни работи Бујар Османи е најследен на „Twitter“ со повеќе од 12.000 корисници, пред Оливер Спасовски со 6.500, Интересно, половина од владините претставници, немаат профили на оваа социјална мрежа.

Вицепремиерот Артан Груби на „Instagram“ предничи со преку 22.000 следбеници, по што следуваат Спасовски, Николовски и Бочварски, а премиерот Ковачевски е дури на петтото место. Ова е прв случај во последнава деценија да премиерот не биде на првото место на овие ранг листи, се вели во текстот.

Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, е посчен како единствениот министер кој нема профил на ниту една од овие три социјални мрежи.

Во истражувањето е споманто дека на „ТикТок“ има само двајца политичари, Артан Груби и Бујар Османи, со отприлика идентичен број следбеници, 7.000 односно 6.500.

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

И село Црник загрозено од пожарите во Пехчевско

Angela

Жерар Пике пак во проблеми: „Клара е постојано намуртена и незадоволна“ (ФОТО)

Angela

Луксузен украс на раката на Лепа Брена: Ова парче чини над 33.000 евра (ФОТО)

Angela