EXCLUSIVE MK
Занимливости НАСЛОВНА

Претставен прототип на сензор кој најавува земјотрес три минути претходно!

Турскиот канал „Рехбер“ објави дека на манифестацијата „Технофест Црно Море“ е претставен прототип на сензор за земјотрес, кој бил презентиран на повеќе натпревари и е освојувач на дипломи во Ирак, но сега за првпат е изложен надвор од матичната земја.

Ирачанецот Хусеин Абдел Вахаб, машински инженер по професија, го изработил прототипот на сензорот кој најавува земјотрес 3 минути претходно. Според истиот извор, Вахаб почнал да се занимава со развојот на овој уред во 2018 година и по тригодишна работа развил прототип.

Според зборовите на иноваторот пренесени во медиумите, би можело да се спасат многу човечки животи доколку луѓето добијат информации за земјотресите пред тие да се случат. Неговата визија е овој уред да се постави во секоја зграда.

Организатори на оваа манифестација се Фондацијата на Технолошки тим Турција (Т3) и турското Министерство за индустрија и технологија.

Според Националниот информативен центар за земјотреси на САД, годишно има околу 20.000 земјотреси ширум светот, што во просек значи околу 55 земјотреси дневно. Постојат подрачја, како што е случај со територијата на Јапонија, каде што земјотресите се секојдневие, но и покрај тоа луѓето стравуваат дека некој од нив може да биде од катастрофален размер.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Дневен хороскоп: За кој знак понеделник е среќен ден?

Angela

Филипче: За влез и излез од земјава ќе се бара сертификат, потврда или негативен тест

Angela

Настапот им го посвети на убиените деца: Српскиот претставник на Евровизија носеше црни ленти (ВИДЕО)

Angela