EXCLUSIVE MK
Македонија

Претставници на лицата со попреченост незадоволни од средбата со министерката Шахпаска

Претставници на лицата со попреченост од Коалицијата Менуваме велат дека средбата со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, поминала непродуктивно и не во полза на лицата со попреченост. На лицата со попреченост им е доста од празни ветувања и велат дека е време за резултати.

Алишан потсети на нивните барања – старосната граница од 26 години за остварување на права од социјална и здравствена заштита  да се симне на 18, како и границата во однос на луѓето кои треба да користат ортопедски помагала како скутер, количка, лицата со оштетен вид да влезат во корисници на бели стапчиња, мерачи на шеќер и притисок. Тој додава – доста ни од тапшање по рамо, сакаме резултати веднаш.

Алишан вели дека лицата со попреченост немаат центри за рехабилитација и достоинствен живот. Од МТСП по средбата со Коалиција Менуваме сооптшија дека нивните барања се приоритет и дека работат на нивно исполнување.

Од МТСП велат дека голем дел од нивните барања се дел од агендата и приоритетите на кои Министерството за труд и социјална политика веќе работи во директна соработка со претставници на лицата со попреченост.

– Во однос на потребите за унапредување на состојбите со личната асистенција, министерката Шахпаска информираше дека со измените на Законот за социјална заштита кои стапија на сила минатата недела, зголемена е достапноста на правото за користење на личната асистенција и за децата од шест години, преку спуштање на досегашната возрасна граница од 18 години. За спроведување на оваа измена обезбедени се средства за 200 дополнителни асистенти, но, како што најави министерката, доколку има потреба од повеќе асистенти нема пречки да се зголеми и оваа бројка.- велат од Министерство за труд и социјална политика.

Благојчо Горгиев од Коалицијата Менуваме вели дека лицата со попреченост треба да бидат приоритет и треба веднаш да се донесе социјална правда. Доколку нема напредок во преговорите со надлежните и доколку не се исполнат нивните барања тие ќе продолжат со протестите.

Во петокот Коалиција Менуваме требаше да постави шатори во Жена парк – како знак на протест и со цел да бидат повидливи, но од страна на Град Скопје не им беше дозволено. Градоначалникот Шилегов потоа во изјава за медиуми изјави дека таков камп не би придонел работите да одат побрзо.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

882 нови случаи на Ковид 19 – пријавени 14 починати лица

Angela

Прилеп бара воздушна поддршка за справување со шумските пожари

Angela

Спасевска: Министерката потфрли, самата платформа за електронски учебници не функционира

Angela