EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Шоу биз

ПРЕТСТАВНИЧКАТА НА ФРАНЦИЈА НЕ ЗНАЕ ДА ПОДНЕСЕ ПОРАЗ – погледна во камерата и милионите гледачи во Европа видоа што срамно имаше да порача (ВИДЕО)

Француската претставничка не го поднела добро резултатот којшто нејзината земја го оствари на Евровизија, а при читањето поени кои ги освоиле реагирала со покажување среден прст.

Швеѓанката Лорин победи на 67-то издание на музичкиот натпревар во Ливерпул, а со неверојатните вокални, танцови способности и тоа што го покажа на сцена едноставно го заслужи тоа.

Ла Зара, претставничката на Франција, исто така беше меѓу фаворитите за освојување на овогодишната Евровизија, а таа се претставила со песната „Evidemment“. За својот настап Французинката освоила 104 поени.

И, пред да го дознае конечниот суд, претставничката на Франција превртела со очите. Кога биле откриени поените доделени на Франција, таа погледната во камерата и покажала среден прст.

Моментот во којшто го покажува овој гест траел само неколку секунди, но сепак корисниците на Твитер успеале да го забележат.

Пејачката подоцна тврдела сепак дека тоа не било покажување среден прст: „Тоа не е негативен гест, напротив, тоа е само гест на разочарување којшто го користиме меѓу пријателите“.

„Секако дека сме разочарани, толку многу работевме“, изјавила таа за „BFMTV“, додавајќи: „Истовремено, тоа е голем извор на гордост, затоа што направивме многу добар настап“.

Уште еден детаљ бил забележан и привлекол внимание – пејачката одлучила да не го чека прогласувањето на победникот во салата во Ливерпул, туку била снимена како излегува додека Шведска и Финска ги чекале резултатите.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ТРАГЕДИЈА: Славниот глумец загина во сообраќајка

Angela

Ана ослабе 50 килограми: Еве што јаде пејачката и како ја доведе фигурата до совршенство

Angela

Рецепт за љубов која трае вечно: секоја недела по една кавга!

Angela