EXCLUSIVE MK
Македонија

Прилеп бара воздушна поддршка за справување со шумските пожари

Прилепскиот кризен штаб бара воздушна поддршка во текот на утрешниот ден за да се справи со двата големи шумски пожари во околината на градот. Барањето, потврдува прилепскиот градоначалник Илија Јованоски ќе биде официјализирано на состанокот на кризниот штаб од 18 часот.

– Бараме и во текот на утрешниот ден да ја имаме помошта од припадниците на Армијата и активно да се вклучат и јавните комунални претпријатија со расположливите ресурси. Сето ќе го официјализираме на состанокот на Штабот, ни рече Јованоски.

Пожарите, едниот на потегот Ракле-Никодин и другиот, кој избувна ноќеска, во Смолани, каде во опасност е и борова шума, се претежно во непристапен терен. Превентивно, попладнето се евакуирани двајца неподвижни жители од селото Ракле и полицијата ги префрли во Прилеп на безбедно. Цел ден со огнените стихии се справуваа 10-ина пожарникари, вработени во шумското претпријатие и 30 припадници на Армијата.

Огнените јазици се запрени кај Топлица во близина на магистралниот пат Градско-Прилеп.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Почнаа подготовките за Илинден – коњаницата на пат кон Крушево (видео)

Angela

Арсовска со 28.083 гласа разлика го победи Шилегов

Angela

Временска прогноза: Сончево време, попладне пороен дожд и грмежи

Angela