EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ НАСЛОВНА Свет

Принцот Хари може да биде протеран од САД

Пишувањата на британскиот принц Хари за земање низа нелегални дроги, кои и станаа достапни на јавноста со објавувањето на неговите мемоари „Spare“, доведе реакции и зголемување на шансите за „потенцијално одземање на визата поради употреба на недозволени супстанци“.

Фондацијата „Херитиџ“, со седиште во Вашингтон, сака американските власти да ја објават апликацијата за виза на Војводата од Сасекс, за да утврдат дали од него било побарано да открие каква било употреба на дрога.

Во автобиографската книга, Хари опишува земање дроги како што се кокаин, марихуана, печурки и ајахуаска.

Принцот Хари и Меган Маркл ја напуштија Британија за нов живот во Америка за да избегаат од бранот непријателско медиумско покривање, за кое рекоа дека кралското семејство не им помага да се справат. Голем дел од нивните критики се фокусираа на британскиот печат, особено на таблоидите, за кои парот рече дека се  непријателски настроени.

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ФАНОВИТЕ СЕ ПЛАШАТ ЗА НЕА: Славната актерка објави дека ракот ѝ се проширил на мозокот

Angela

Ако сте родени во некој од овие три знаци, подгответе се за бурен април

Angela

ЗАВИСНИ СТЕ ОД КАФЕТО? Во овие моменти никако не смеете да го пиете!

Angela