EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Шоу биз

Принцот Хари на крунисувањето на татка си „ќе седи десет редови зад семејството“: „Ова му го направи Меган“

Иако на крунисувањето ќе присуствува без сопругата Меган Маркл, принц Хари нема да седи ни во близина на кралското семејство, пишува „The Sun“.

Поранешниот кралски батлер Пол Бурел за „Сан“ рече дека Хари ќе седи „10 реда зад Виндзор“, односно подалеку од остатокот од кралското семејство.

Бурел рече дека на овој настан Хари сигурно нема да се помири со татко му и семејството и дека нема да има можност ниту да разговара со нив, додавајќи дека на крунисувањето доаѓа „само за да се пофали дека е тука“.

– Мали се шансите за помирување, и во блиска иднина. За ѓал, верувам дека Хари ќе има многу студен прием – изјави Бурел, долгогодишен батлер на принцезата Дијана, пренесуваат британските медиуми.

На оваа вест, следуваа лавина коментари на социјалните мрежи, а бројни корисници на Твитер се согласија дека „ова го доби од Меган“, која инаку, нема да присуствува на крунисувањето.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Како да ги отстраните масните дамки од каучот? ДВА трика по кои мебелот ќе ви биде како нов!

Angela

На ГП Табановце за излез се чека околу 30 минути

Angela

Дневен хороскоп – денот пред викендот ќе го запамети особено еден знак на љубовен план, а еве што ги очекува родените во месец мај

Angela