EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Шоу биз

Принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс Трети, Меган ќе чува деца

Принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на својот татко, кралот Чарлс Трети, на 6 мај, додека неговата сопруга Меган ќе остане со децата во САД, објави денеска Бакингемската палата.

„Бакингемската палата со задоволство потврдува дека војводата од Сасекс ќе присуствува на церемонијата на крунисувањето во Вестминстерската опатија на 6 мај“, се вели во соопштението.

Меѓутоа се наведува дека Меган Маркл, војвотката од Сасекс, ќе остане во Калифорнија со децата.

По нивната венчавка во замокот Виндзор во 2018 година, Хари и Меган брзо се разделија од семејството и се преселија во Канада, а потоа во Калифорнија.

Чарлс Трети го презеде тронот во септември минатата година по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Вчера аплицирани над 12 илјади вакцини

Angela

882 нови случаи на Ковид 19 – пријавени 14 починати лица

Angela

Воопшто не и е лесно: Откако и се случи трагедијата, Анастасија го деактивираше профилот на Инстаграм

Angela