EXCLUSIVE MK
Uncategorized

Принц Хари и Меган не се поканети на роденденската парада на Чарлс Трети: Односите сè постудени!

Принцот Хари и Меган Маркл не се поканети на роденденската парада на Чарлс Трети, пренесува британски Дејли меил.

Кралот на Велика Британија на 14 ноември ќе наполни 75 години. Прославите за годишнината на Чарлс III ќе започнат со традиционалната кралска парада Trooping the Color, која ќе се одржи во Лондон на 17-ти јуни. Се очекува настанот да се одржи во посебни размери, бидејќи ќе биде прв за монархот во новиот статус.

Војводата и војвотката од Сасекс, очигледно, ќе ја пропуштат прославата.

„Слушнав дека принцот Хари и Меган не биле поканети на парадата на роденденот на кралот следниот викенд“, рече кралскиот експерт Ричард Еден.

„Се плашам дека ова е одраз на состојбата на односот [меѓу принцот Хари и кралот Чарлс III] во моментот“, додава инсајдер за Дејли меил.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Дневен хороскоп за првиот ден од новиот месец – еве што ги очекува особено родените во мај

Angela

Бои кои не се препорачуваат за ѕидот во спалната соба

Angela

Намирници кои го успоруваат метаболизмот, а ги консумираме секој ден

Angela