EXCLUSIVE MK
Медицина НАСЛОВНА

Природни состојки кои помагаат во ублажување на изгорениците од сонце: Особено едната ја имаме дома сите!

Негата на кожата е важна во текот на целата година, а особено е важно да ја заштитите од сончевите зраци во лето.

Ако уживате во лежење на сонце и го сакате оној исончан тен што непогрешливо кажува дека сте одмарале на плажа, треба соодветно да ја подготвите и заштитите кожата.

Тоа е важно не само заради здравјето на вашата кожа, туку и за да го задржите подолго тој исончан тен.

Секако, важна е и негата потоа, особено ако не сте се заштитиле доволно, па сте добиле изгореници.

За смирување на црвенилото и изгорениците може да ви помогнат и природни состојки кои сигурно ги имате во домот. И да ги немате, не се скапи како многу козметички производи за оваа намена.

Тоа се кокосово масло и алое вера.

Дерматологот Гета Јадав, основач на FACET Dermatology, советува прво да нанесете алое вера, а потоа кокосово масло.

„Алое вера гелот овозможува кожата да дише и најдобро се користи на почетокот на изгорениците од сонце. Кокосовото масло е подобро да се користи подоцна во фазата на обновување на изгорениците, кога кожата се лупи“.

Исто така, дерматологот напоменува дека треба да го избегнувате силното сонце помеѓу 11 и 15 часот и дека треба да користите крем за сончање со заштитен фактор.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Стапката на рак кај младите пораснала за 79 отсто во изминатите 30 години

Angela

Три секс пози со кои најлесно се забременува

Angela

Безос ќе донира 100 милиони долари за помош на Хаваи

Angela