Бананите се извор на есенцијални витамини и минерали како што се витамините А и Б, калиум и магнезиум. Тоа значи дека се добри за крвниот притисок, ја регулираат телесната тежина, го подобруваат варењето и работата на срцето. Често се користат и во индиската кујна. Може да направите смути, десерт, да ги јадете сирови или како чипс.
Подобра работа на срцето
Бананата е богата со влакна, магнезиум и калиум кои можат да го подобрат здравјето на срцето како ниту една друга храна. Според истражувањето на Harvard School of Public Health, бананите го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Калиумот помага за регулирање на срцевите отчукувања, крвниот притисок и го одржува мозокот буден.
Слабеење
Бананите имаат многу малку калории што е одлична вест за оние коишто сакаат да ослабат. Банана со просечна големина има нешто повеќе од 90 калории и е богата со влакна што влијае на варењето и дава чувство на ситост.
Подобро варење
Бананите се богати со вода и влакна што е одлично за дигестивниот систем. Растителните влакна апсорбираат вода. Исто така помагаат во обновување на електролити како калиум кои често се губат поради дијареја или повраќање.