EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Економија

Продолжениот Велигденски викенд го наполни Охридското крајбрежје со гости

Туристите од соседството најбројни на брегот на Охридското Езеро, но не изостануваат ниту домашните гости. Со намалување на КОВИД мерките интересот за уживање на охридско-струшката ривиера е зголемен. Полека, но сигурно се враќа сјајот од годините пред пандемијата.

– Охрид се повеќе наликува на годините пред пандемијата, раздвижен, полни ресторани и кафулиња, а по повеќе од две години може да се видат и задоволните и исполнети лица без маски, забележуваат охриѓани.

Но, прв пат годинава, за Велигден, дуќаните во охридската и струшката чаршија ќе останат затворени, поради новото законско решение за недела да е неработен ден.

Сместувачките капацитети во хотелите на охридско-струшката ривиера се исполнети 40 до 50 отсто, претежно странски гости, информира претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески. Поголема е исполнетоста кај помалите хотели и приватните станоиздавачи, но дел од гостите се сместени и во сопствени викенд станови.

Од организираните гости, за Велигден, во хотелите на ривиерата, според Блажески, најбројни се бугарите и грците, а неизостануваат и индивидуалните посети на туристи од Србија и Албанија.

Велигденските и претстојните Првомајски празници, како и Рамазан Бајрам ќе го вратат сјајот на ривиерата и ќе влеат надеж, за успешна туристичка сезона. /МИА

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Променливо време со пороен дожд нѐ очекува цела недела

Angela

Бура во САД: Подигнато обвинение против поранешниот претседател Трамп

Angela

Уште 89 нови случаи на ковид-19 од 1.760 тестови, нема починати

Angela