EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

Променливо време со пороен дожд нѐ очекува цела недела

Метеоролозите за денеска најавуваат променливо облачно време. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд проследен со појава на грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Утринските температури ќе се движат од 12 до 20 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 33 степени.

Во Скопје слично време, со дожд и грмотевици и максимална дневна температура до 30 степени.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има развој на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во текот на оваа работна седмица под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. И во Скопската Котлина ќе има честа појава на нестабилност, а повремено ќе има услови да биде и во форма на невреме. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ССМ: Пратениците имаат 30 дена да ја направат неделата неработен ден

Angela

КАКО ПОРЦЕЛАНСКА БАРБИКА – разликата по оваа естетска операција на лицето на Емина Јаховиќ е евидентна, сите прашуваат дали ова е пејачката? (ФОТО)

Angela

И жените гледаат порно, еве во што најмногу уживаат

Angela