EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

Работењето од дома ќе биде регулирано во новиот Закон за работни односи

Во организација на Европската бизнис асоцијација се одржа дискусија на тема „Родовата еднаквост – клуч за економскиот раст на државата“, а во која учествуваше и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, споделувајќи новости околу планираните чекори на овој владин ресор.

Таа потсети дека се воведуваат два нови институти – мајчинство и татковство, со што целта е таткото да се вклучи во растот и развојот на детето и можноста на враќање на мајката на работа.

Во исто време, МТСП работи и нов Закон за родова еднаквост, а министерката кажа и дека се работи и на зајакнување на владиниот механизам за родова еднаквост, односно создавање на Секретаријат со кој ќе раководи вицепремиерка за родова еднаквост.

– Министерството работи и на нов Закон за вознемирување на работно место, исклучително важен кога се зборува за насилството врз жените и вознемирување на работно место,- рече Тренчевска.

Во предлог-законот за работни односи се воведува работа од дома и работа и далечина, нешто што е посебно значајно за младите.

Според надлежните, идејата е нашето законодавство да се прави согласно европските стандарди, односно согласно стандардите на Обединетите нации.

Фото: МТСП

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Еве што ќе ви се случи ако престанете да имате редовен секс

Angela

Станија од непознат бизнисмен добила часовник вреден 15.000 евра: „Моето ново бебе“ (ФОТО)

Angela

Јапонска студија откри: По делта сојот, доаѓа НОВА ОПАСНОСТ

Angela