EXCLUSIVE MK
Љубов и интима ЗАБАВА НАСЛОВНА

Работи кои не треба да ги правите пред и после сексот

Експертите открија што не треба да правите пред или после сексуален однос.

Советите во врска со сексот се секогаш добредојдени бидејќи и најискусните не знаат се. Без разлика колку сте веќе сексуално активни и колку знаете, не е лошо да се споменат работи што не треба да се прават пред и после сексот.

Д -р Џенифер Бамп, професор по гинекологија на Медицинскиот факултет Бејлор во Хјустон, истакнува дека најдобро ќе ги спречите инфекциите на уринарниот тракт со мокрење после сексуалниот однос.

Исто така, не треба само да ги оставате сексуалните играчки по употреба, туку да ги измиете со вода, да користите антибактериски марамчиња, за да бидете сигурни дека сте ги отстраниле сите бактерии.

Ако користите лубрикант, обрнете внимание на вкусовите што ги содржи. Кај жените кои влегуваат во менопауза, вагиналното ткиво станува потенко, па чувствителноста е зголемена. Затоа, не е паметно да користите лубриканти кои содржат ментол, бидејќи можат да го иритираат ткивото, а најдобриот избор се оние базирани на вода и без многу ароми.

Утврдивме на што да обрнеме внимание после односот, но треба да обрнеме внимание и на неколку работи пред „акцијата“.

На пример, во никој случај не е препорачливо да пиете многу алкохол, бидејќи може да го намали сексуалното задоволство и да го отежне постигнувањето оргазам.

Покрај тоа, препораката на експертите е секогаш да се истуширате пред сексуален однос, бидејќи на гениталиите се создаваат бактерии, кои можат да се пренесат еден на друг и со тоа да предизвикаат проблеми.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Букети од пред 2.000 години пронајдени во Мексико

Angela

Личностите родени во овој хороскопски знак имаат добра душа и не се лицемерни

Angela

ЦУК: Низ джавата сè уште има активни пожари

Angela