EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА Занимливости

Работи кои носат среќа: Направете промена!

За да ја задржиме позитивната енергија што ни е потребна за да бидеме среќни, треба да направиме мали – големи промени во животот.

Во продолжение три едноставни работи од кои треба да се откажете за да бидете посреќни и позадоволни:

Потрага по совршенство

Совршена работа, совршен брак , совршено семејство, совршено тело… сето тоа се цели што ги посакуваме, а кои навистина не постојат . Иако често ни се чини дека тревата во соседниот двор е секогаш зелена, тоа е само илузија. Ништо околу нас не е совршено и никој нема совршен живот како од филм, па затоа е важно да не копнеете за совршенство и да уживате во малите нешта.

Негативен став

Психолозите објаснуваат дека негативните мисли и песимизмот значително влијаат на нашето расположение, а со тоа и на нашата среќа. Нашите животи се полни со негативни настани и ситуации кои често не можеме да ги избегнеме, но мораме да се справиме со нив, па навистина не ви требаат дополнителни негативни мисли . Следниот пат кога ќе имате негативно мислење за себе, за работата, за партнерот или за некој друг аспект од животот, застанете и обидете се да најдете позитивна страна. Ќе се уверите дека таа навистина постои .

Животот во минатото

Акумулацијата на негативни чувства најчесто е предизвикана од размислување за минатото. Без разлика дали се работи за фразите „барем тогаш“ и „можев“ или страдање поради поранешна врска, работа или начин на живот, животот во минатото секогаш со себе носи негативни чувства на тага, копнеж и разочарување. За да бидете среќни, важно е да го оставите минатото зад себе и да уживате во она што е до вас или што ве чека. Не можете да го промените минатото, сегашноста зависи од вас и затоа е важно да ја искористите на позитивен начин.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Изборот на домашно милениче открива каков човек сте

Angela

Колку трае врската на просечна двојка пред брак

Angela

Хороскопски знаци на кои животот ќе им се смени до крајот на годината

Angela