EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

„Радио метроном“ ја отвора Неделата на франкофонскиот филм

21„Неделата на франкофонски филм“ во Македонија ќе донесе пет проекции на филмови во Кинотеката на Македонија од 23 до 28 март 2023 година.

Настанот го организираат Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, Амбасадата на Романија и Романскиот културен институт, Амбасадата на Швајцарија, Амбасадата на Белгија во Софија и Валони-Брисел Интернационал, Амбасадата на Луксембург и Кинотеката на Северна Македонија.

Проекциите започнуваат секој ден во 20 часот, со превод на македонски јазик.

– четврток 23.03, романскиот филм „Радио Метроном“, е во режија на Александру Белк, а главните улоги ги толкуваат Мара Бугарин и Себан Лазаровици.

– петок, 24.03, швајцарскиот филм „Последниот танц“ на Делфин Лерисе (2022, 1h24), со Франсоа Берлеан и Касеј Моте Клајн.

– сабота, 25.03, белгискиот филм „Последното искушение на Белгијците“ на Жак Бикоа (2021,1h16), со Алис Дитоа, Вим Вилер и Алекс Визорек ; по проекцијата следи коктел овозможен од Амбасадата на Белгија во Софија и Валони-Брисел инрернационал.

– понеделник, 27.03, францускиот документарен филм „Деца на татковината“ на Тјери Демезјер и Албан Терле (2022, 1h50), со Елса ле Петрек, Тјери Демезјер.

– вторник, 28.03, со луксембуршкиот анимиран филм „Неверојатната приказна на Фрици“ на Раиф Кукула и Матијас Брин се затвора неделата на франкофонски филм.

 

Photo by Mason Kimbarovsky on Unsplash

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Ужасна мајка: Ги оставила децата во автомобил за да може да краде, пожар го “проголта“ возилото

Angela

Не спие со денови, се тепа со сопругот, а семејството крие ножеви од неа: Фановите загрижени по шокантниот документарец за Бритни Спирс

Angela

Меси е бледа копија на себе, треба да научи дека во ПСЖ ги нема привилегиите кои го имаше во Барселона

Angela