EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана НАСЛОВНА

„Разбудете ја“ кожата со лубеница: Ја смирува иритираната кожа и го намалува црвенилото

Од лубеницата се употребуваат сите делови за нега и убавина, на нашето лице и тело.

Внатрешноста на лубеницата е сочна, со што е видливо колку се големи нејзините хидратациски својства. Кората можете да ја користите за обновување на оштетената кожа. Семките од лубеница претставуваат протеини кои со додатокот на масни киселини, ја хидрираат и помагаат во затегнувањето на кожата.

Лубеницата е составена од 90% вода – тоа се екстремно навлажнувачки својства, со што ја омекнува кожата. Таа ги намалува брчките и има позитивен ефект врз сувата кожа.

Состојки со кои е најдобро да се комбинира лубеницата

Хијалуронската киселина ќе го зголеми ефектот на хидратациониот потенцијал на лубеницата, со ексфолијантите како што е млечната киселина. Доколку сакате да го зајакнете антиоксидантниот ефект, додајте витамини Ц и Е.

Најголемата предност на лубеницата е што позитивните ефекти врз кожата, се видливи веднаш. Меѓутоа, ако целите кон долгорочни ефекти тогаш се советува и подолга употреба – минимум 30 дена, време за кое клетките целосно ќе се регенерираат.

Таа е погодна за сите типови кожа со оглед дека е овошје и целосно природен препарат.

Нејзините ефекти вклучуваат антиинфламаторни својства. Делува како превенција од акни и осипи, ја смирува иритираната кожа и го намалува црвенилото.

Кое време од денот е најдобро за третман со лубеница?

Д-р Ли од Франција советува дека е најдобро „да ја разбудите кожата со лубеница“.

Сокот од лубеницата како тоник за чистење на кожата, можете да го нанесете наутро и навечер. Поради омекнувањето на кожата, овозможува продирање на средствата со кои го храните и негувате лицето.77

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Пешачењето како здрав начин до тело во форма

Angela

ФОТО: Екс сопругата на Огњен Амиџиќ фатена со новото момче, први фотографии од заљубениот пар

Angela

ФОТО: Само таа знае како: Меланија Трамп со уште еден моден погодок

Angela