Шведска ја совладаа денеска Јапонија со 28:26 во рамки на второто коло во групата Б на олимпискиот турнир во ракомет, нанесувајќи им го на домаќините вториот пораз.
Во истата група, Португалија го совлада Бахреин со 26:25., додека Данска беше подобра од Египет триумфирајќи со 33:27.
Во групата А, Шпанија ја победи Норвешка со 28:27 и со тоа го запиша вториот триумф на ракометниот турнир. Франција го победи Бразил со 34:29, додека Германија беше пресилна за Аргентина, совладувајќи со 33:25.