EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Медицина НАСЛОВНА

Раното будење носи ризик од болести, грижете се за својот сон

Човечкиот организам е создаден така што, дење да работи, а ноќе да одмора. Поради одредени последици од тоа, генетичари од Универзитетот на Алабама сметаат дека раното станување носи поголем ризик од некои болести.

Некои луѓе заспиваат порано и стануваат рано, а други пак – напротив, претпочитаат да се будат околу пладне. Тоа, како што објаснуваат стручните лица, се еволутивни последици во нашето тело и обидот да се коригираат, многу веројатно нема да има добри резултати, освен намалување на ефективноста на човекот.

Излегувањето од „својот“ ритам на сон неизбежно води до невролошки заболувања, зголемување на телесната тежина, па дури и артериосклероза.

Според општите сознанија, за целосно продуктивен ден, лицето треба да спие од седум до девет часа. Според ова, ако некој треба да се разбуди во 4:30, на пример, тогаш треба да оди во кревет во 21:30 часот.

Во стремежот да постигне поголема ефективност, луѓето се трудат порано да стануваат, а тоа води кон проблеми на нервниот и крвоточниот систем. Научниците преку експеримент докажале дека оние што стануваат пред пет часот, не само што не се попродуктивни, туку и си штетат на здравјето.

Конечно, советот гласи: работниот ден би требало да се сообрази со сонот на човекот, а не обратно.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Причини зошто мажите одлучуваат да стапат во брак

Angela

Направете да копнее по вас, иако долго сте заедно

Angela

Денес и болните може да се излечат: Првиот петок по Велигден е Балаклија

Angela