Не секогаш ви е потребна „техничка поддршка“, пенетрација или пенис за оргазам. Можете многу лесно, со своите прсти и малку техника да постигнете брза и страсна кулминација. Со овие три „рачни“ техники, жените најбрзо доживуваат оргазам- се разбира, и мажите треба да ги користат и да ги пробаат кај своите девојки!
Кружење
Оваа техника е најинтимна за двајца кога мажот ја држи жената за меѓуножјето додека таа се потпира со грбот на неговиот стомак. Тој може со едната рака да го ослободи клиторисот, па нежно со прстите да ги раздели усните. Со прстите од другата рака, тој може полека (и со мал притисок) да го масира клиторисот со кружни движења.
Во зависност од тоа како жената сака да биде стимулирана, нека го прилагоди темпото и притисокот. Не е добро постојано да го притискате клиторисот до максимум, бидејќи тоа може да биде прилично непријатно за жената. Во идеален случај, мажот треба да ги препознае сигналите што му ги дава партнерката и да го менува интензитетот и движењата како што смета дека ѝ одговараат.
Дојди тука!
Ова е местото каде што Г-точката е во центарот на фокусот. Два или три прста влегуваат во вагината, па врвовите на прстите се движат во правец на абдоминалниот ѕид. Во движењето наречено „дојди тука“, движењата на прстите имитираат како да покануваш некого да дојде.
Г-точката се наоѓа веднаш зад срамната коска на горниот ѕид и е долга до 3 сантиметри, а со такви движења на прстите идеално се стимулира. Особено е добро чувството кога со другата рака се стимулира и клиторисот.
Комбинирана техника
Показалецот и средниот прст се наоѓаат лево и десно покрај клиторисот, па со мал притисок, наизменично, го стимулираат клиторисот. За тоа време, средниот прст кружи околу влезот на вагината и нежно во неа.