EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана

Рецепт за домашни посни крофни: Што да јадете за Велигденските пости

Посните крофни се одлични за последните посни денови, а овој рецепт е навистина одличен. Домашните посни крофни подготвени според рецептот се прекрасни, воздушни, подуени, слатки … Феноменални!

Состојки за домашни посни крофни:

-450 гр брашно,

-50 ml масло,

-150 мл млака вода,

-100 мл кисела вода,

-1 сув квасец,

2 кесички ванилин шеќер,

-лажица кристален шеќер,

-масло за пржење,

шеќер во прав за посипување.

Домашните посни крофни се подготвуваат на следниов начин:

Ставете лажица шеќер и квасец во млака вода, промешајте и оставете 10 минути.

Додадете кисела вода, масло и ванилин шеќер. Промешајте и постепено додавајте брашно.

Месете мазно тесто, покријте го и оставете го 1 час да стаса.

После тоа, премесете кратко, развлечете во дебелина од половина см и извадете ги круговите со чаша.

Наредете на маса попрскана со брашно, покријте и оставете 20 минути.

Во меѓувреме, загрејте го маслото на средна топлина. Доволно е да имате максимум 2 прста масло во садот за пржење.

Ставете парчиња тесто во загреаното масло, така што горната страна ќе се спушти. Пржете околу 30 секунди или додека не поруменат, а потоа свртете и пржете уште 15-20 секунди. Додека се пржи, садот малку се протресува, бидејќи така растат крофните при пржење.

Извадете ги крофните на салфетка или крпа, а по 10 минути посипете ги со шеќер во прав.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Им се заканува на вработените и им го краде бакшишот: Испливаа мрачните тајни на најомразениот готвач кој го нарекуваат „мал тиранин“ – вработените раскажаа сè

Angela

НЕМА КОЈ НЕ САКА ОБЛАНДИ! Рецепт кој им успева и на почетници (ВИДЕО)

Angela

Овошјето кое жените над 50 години треба да го воведат во исхраната: Сојузник на убавината и витката става и борец против стареењето

Angela