Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтеровата скала на 6 февруари ја погодија турската област Кахраманмараш, а беа почувствувани и во северозападна Сирија, но и во поширокиот регион.
Според турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), околу 13 милиони луѓе во 11 градови биле погодени од оваа елементарна непогода. Околу три милиони луѓе не се во своите домови, па така се знае дека еден месец подоцна подигнати се 332 шаторски населби каде што се сместени околу 1,8 милиони луѓе и уште 270 илјади луѓе во други објекти за престој како студентски домови, пансиони, и слично.
Претседателот на АФАД, Јунус Сезер, зборувајќи пред медиумите изнесе бројки дека бројот на евакуирани лица е над 935 илјади лица, додека бројот на загинати е искачен на 47.975 лица.
Soğuğa, ayaza, uykusuzluğa, daha pek çok zorluğa rağmen cansiperane bir şekilde gayret gösteren tüm ekiplerimize, gönüllülerimize teşekkür ediyorum.
Acımız ne kadar büyük olursa olsun devlet-millet sırt sırta vererek tüm sıkıntıların üstesinden geleceğimize yürekten inanıyorum. pic.twitter.com/t93G94CM3f
— Recep Tayyip Erdoğan (@RTErdogan) February 11, 2023
Photo: https://twitter.com/RTErdogan/status/1624396339395153920