EXCLUSIVE MK
Медицина НАСЛОВНА

Решете го проблемот со нискиот крвен притисок на природен начин

Погледнете со која храна можете да го регулирате притисокот доколку патите од хипотензија.

Лицата кои страдаат од низок крвен притисок најчесто се жалат на тешко будење, поспаност, вртоглавица, омалаксаност, брзо заморување, губиток на волја, послаба концентрација и меморија.

Во многу случаи со примената на едноставни и лесно достапни природни лекови нискиот притисок може да се одржи под контрола и со што помалку симптоми, па дури и целосно да се регулира.

Еве неколку природни лекови:

Рузмарин

Во нашата народна медицина чајот од рузмарин е веројатно најпознатиот природен лек за зголемување на нискиот крвен притисок.

Цвекло

Една чаша свеж сок од цвекло дневно за една недела може да ги намали симптомите на нискиот притисок.

Глог

Многу корисна билка за регулација на крвниот притисок (како на хипотензија така и на хипертензија).

Жен-шен

Исто така позитивно делува во случај на пореметување на крвниот притисок.

Кафе

Го зголемува крвниот притисок, па во текот на денот слободно испијте една шолја од овој популарен напиток, доколку не ви пречи кофеинот.

Вода

Во борбата против хипотензија многу е важно да пиете што повеќе вода, така ќе ја зголемите количината на крв во крвните садови.

Сол

Јадете малку посолена храна, бидејќи солта ја врзува водата во организмот.

Витамин Ц, витамини од групата Б и протеини

Благотворно делуваат во превенцијата и лекувањето на нискиот крвен притисок.

Напомена: Нискиот крвен притисок може да биде присутен без појава на било какви симптоми и во тој случај не е потребно никакво лекување бидејќи таквата појава не е опасна по здравјето.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Зошто мажите се плашат од обврзување?

Angela

Француските медиуми со жестоки критики за Нејмар

Angela

Утревечер заседаваат СДСМ и Алтернатива

Angela