Докторот Емил Угриновски познат македонски бизнисмен, џетсетер и сопственик на Болницата Неуромедика го прослави својот роденден на високо ниво како што доликува. Г-дин Угриновски својот јубилеен роденден го прослави во свој препознатлив стил со над 300 гости. На едно место ги собра едни од најпрепрепознатливите и најурбаните градски ликови, познати бизнисмени, манекенки и водителки.
За одличната забава се погрижи Џенан Лончаревиќ и неговиот бенд, на чии хитови никој не остана рамнодушен се до раните утрински часови.
Прекрасен амбиент, изобилство од разновидни пијалаци и храна, надополнети со одличен настап на Лончаревиќ беа одличен рецепт за незаборавна февруарска вечер. Забавата беше перфектно организирана, а гостите со прекрасни стајлинзи и висок стил.
Exclusive.mk привилегиран да биде дел од целото тоа случувањ, па токму вам почитувани читатели ви пренесуваме преку фотографии дел од роденденската забава.