Душко Тошиќ израснал во сиромашно семејство, а денес има милиони.
Тој трошната куќа на своите родители во селото Орловат во близина на Зрењанин каде и израснал денес ја претворил во вистинска вила.
Фудбалерот денес живее живот како во најубавите филмови, има луксузен дом на Дедиње, скапи автомобили и летува во најскапите хотели, но никогаш не заборава од каде има потекло и од каде му се корените.
Тој израснал во многу потешки услови отколку другите деца, а неговите родители крпеле од ден на ден.
-Мојот Душко неколку години беше во интернат за да може да се школува и да тренира фудбал, таму имаше редовни оброци, што за дете во развој е многу важно. Сега е многу успешен и многу сме горди на него, си го оствари сонот. Живее во голем град, јас и мојата сопруга сме стари и живееме тука бидејќи ни е добро, раскажа во една прилика таткото на Душко кој сега е починат.
Тој додал дека природата таму е во изобилство и имаат свеж воздух.
-Ништо не ни фали, не знаете како Атина и Ника трчаат низ дворот и се радуваат дека се на село кај нас, рекол тој во тоа време.
Инаку на местото на старата трошна куќа денес има вистинска вила која го краси целото село, а ја изградил фудбалерот за родителите.