EXCLUSIVE MK
Медицина НАСЛОВНА

Рокот не е единствена гаранција: Еве како да препознаете дали може да ја користите кремата за сончање од лани

Доколку имате стара крема за сончање би требало добро да ја проверите пред да ја понесете со себе на одмор.

Британскиот дерматолог Мервин Патерсон открил дека освен наведениот рок на траење постојат неколку знаци кои можат да ви откријат дека кремата не смеете да ја користите повеќе.

„Доколку приметите промена во мирисот и текстурата на кремата, во таков случај без оглед на рокот стиснат во амабалажата, подобро ви е да си купите нова“, истакна докторот.

Дерматолозите велат дека иако овие креми имаат рок на траење до една година, треба да внимавате освен што сонцето ќе ве изгори, ќе ви се појави и иритација на кожата.

За да го продолжите векот на вашите креми докторот советува да ги чувате на ладни места на кои нема да бидат во контакт со сончевата светлина.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Направете си сами миризлива бомба за капење и уживајте во топла купка

Angela

Кејт не ја сака Меган, но посакувала ОВАА ДЕВОЈКА да му биде сопруга на Хари (ФОТО)

Angela

Три залудни обиди да ја спасите врската на која ѝ нема спас

Angela