EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА НАСЛОВНА Шоу биз

Ролинг стоунс со прв албум по смртта на тапанарот Вотс

Легендарниот рок-бенд „Ролинг стоунс“ по 18 години ќе објави нов албум којшто воедно ќе биде и прв по смртта на долгогодишниот член – тапанарот Чарли Вотс.

Мик Џегер, Кит Ричардс и Рони Вуд в среда ќе гостуваат во емисијата на познатиот американски водител Џими Фалон, каде што официјално ќе го претстават новиот албум „Hackney Diamonds“, а тоа ќе може да се гледа и на Јутјуб.

„Лондонска општина Хекни можеби е срцето на „Hackney Diamonds“, но ова е вистински миг што треба да го споделиме со обожавателите од цел светот преку Јутјуб“, се вели на официјалната интернет-страница на бендот.

Рок-составот постои од 1962 година.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Макрон и Путин: Потребно е смирување на миграциската криза на полско-белоруската граница

Angela

Тешка болест го натера Милан Станковиќ да се замонаши

Angela

Секс соништата откриваат како се чувствувате во реалноста

Angela