EXCLUSIVE MK
Астрологија НАСЛОВНА

Романтичен јули: Овие четири хороскопски знаци ќе пронајдат вистинската љубов ова лето

Дали сте подготвени да ги заборавите љубовните авантури и да ја започнете потрагата на вашата сродна душа ова лето…

Лав

Во текот на летните денови, ќе бидете уште похрабри од вообичаеното. Ќе ви биде полесно да се фокусирате на вистинските вредности, што значи дека лесно ќе ги одбивате луѓето што не ги сакате и ќе ги привлекувате оние со кои може да имате квалитетна врска. Ќе одлучите дека сега е време да го пронајдете вистинскиот: некој што живее живот сличен на вашиот и со кого ќе можете да ја замислите иднината. Со Венера во вашиот знак, среќата ќе ви се насмевне и новото познанство може да прерасне во вистинска и искрена љубов. Овој пат нема да морате да барате можности, туку тие ќе ве пронајдат вас.

Девица

На Девиците им е тешко целосно да се опуштат, а уште потешко спонтано да влезат во романтична врска, но ова лето ќе биде поинаку. Ќе се изненадите себеси со симпатична енергија, насмевки и разиграност. Овој пат нема да останете незабележани бидејќи вашата харизма ќе го достигне својот врв. Ќе се заљубите толку многу што може да запоставите некоја работна обврска без грижи на совеста. Прифатете дека некој сака да ви пријде и нурнете во прекрасниот свет на имагинацијата што обично го криете зад вашата сериозност.

Јарец

Среќата на Јарецот и ова лето ќе биде поврзана со нова и искрена љубов. Возбудливи и страсни мисли ќе ве поврзат со убав странец во топлите денови кога ќе бидете поопуштени. За кратко време ќе го освои вашето навидум ладно срце. Ќе си дозволите нежност, ќе знаете како да верувате и ќе се поврзете со прекрасните вибрации на среќа во областа на љубовта. Излегувате од вашата зона на удобност и покажувате какво море од прекрасни емоции се крие во вас.

Риби

Вашиот љубовен сон може да се оствари ова лето, само треба да верувате во него. Венера ви дава храброст да ги направите најдобрите чекори во вистинско време или да реагирате кога е потребно. Очекувањата ќе бидат исполнети овој пат, бидејќи новиот избраник ќе ви биде и пријател и сојузник, некој со кого ќе можете да планирате долгорочна врска, а можеби подоцна и семејството за кое сте сонувале.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

НЕКА БЛЕСКА: Џеф Безос ја вери девојката со прстен вреден 2,5 милиони (ФОТО)

Angela

ВИДЕО: Една недела куче го чекало сопственикот пред болницата

Angela

Исплатени над 866 милиони денари за субвенции

Angela