EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА Занимливости НАСЛОВНА

Романтичната љубов може да трае вечно

Многу луѓе сметаат дека романтичната љубов исчезнува со текот на времето и потоа партнерите остануваат заедно поради навика или чувство на обврска. Но, најновите истражувања покажуваат дека романтичната љубов може да трае вечно и да доведе до посреќна и посилна врска.

Треба да се борите за одржување на пламенот на љубовта која сте ја имале кога започнала вашата врска и да не се откажувате од тоа задоволство. Често се смета дека романтичната љубов е исто што и страсна љубов. Вистината е дека романтичната љубов е со ист интензитет и сексуална привлечност како страсната љубов, но со исклучок на опсесијата. Опсесивната љубов е пропратена со чувства на несигурност и вознемиреност и никогаш не опстанува долго.

За да дојдат до тој заклучок двајца истражувачи анализирале 25 истражувања со учеството на повеќе од 6 000 мажи и жени, кои биле во кратка или долга врска.

Резултатите објавени во Review of General Psychology, покажале дека партнерите кои изјавиле дека чувствуваат романтична љубов, се многу позадоволни, без разлика дали се заедно краток период или нивната врска трае веќе неколку години. Тоа ја зголемува нивната самодоверба и тие се многу посреќни.

Според раководителот на ова истражување, луѓето треба да си го променат мислењето односно тоа што треба да очекуваат од долгата врска. Најчесто луѓето очекуваат нивната почетна романтична љубов да премине во пријателска, но тоа не треба да биде така. Партнерите треба да се борат за одржување на пламенот на љубовта која ја имале кога започнала нивната врска и да не се откажуваат од тоа задоволство.

Во друго истражување на Stony Brook University, истражувачите користеле скенирање на мозокот за да докажат дека вистинската љубов може да трае цел живот. Тие го скенирале мозокот на парови кои биле заедно 20 години и на парови кои штотуку ја започнале својата врска. Резултатите покажале активност во исти региони на мозокот и кај сите парови.

Дали вистинската љубов може да трае вечно? Новите истражувања го потврдуваат тоа, затоа не се откажувајте од љубовта. Вистинската љубов трае вечно.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Утревечер заседаваат СДСМ и Алтернатива

Angela

Македонскиот тенисер Калин Ивановски со највисок личен рејтинг во кариерата

Angela

Последен ден од кампањата за Локалните избори 2021

Angela