EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА СПОРТ Фудбал

Рома победи со пет гола во КЛ, но Мурињо пак не е задоволен

Жозе Мурињо на фантастичен начин ја започна својата ера во Рома. Римскиот фудбалски гигант е во серија од шест победи од исто толку натпревари, а по синоќешната над ЦСКА Софија во Конференциската лига, „специјалниот“ даде нова контроверзна изјава.

Фудбалерите на „волчицата“ беа убедливи против бугарскиот преставник и славеа со 5-1, но Мурињо не е задоволен од нивната прикажана игра на овој натпревар.

„Не ми се допадна како го одигравме натпреварот. Тимот се движи по вистинскиот пат, но нивниот пристап вечерва не беше добар. На моменти бевме добри, но мора да играме повеќе тимски. Не можам да кажам и дека игравме лошо, но не бевме ниту добри, особено не по победа од 5-1“, вели Мурињо.

Рома во Серија А е лидер на табелата со максимални три победи, а својата четврта ќе ја брка овој викенд на гости кај Верона.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Ферус Мустафов се бори за живот!

Angela

Луксузен украс на раката на Лепа Брена: Ова парче чини над 33.000 евра (ФОТО)

Angela

Дневен хороскоп – овој знак време е да му се посвети на партнерот по долгото игнорирање, а еве што ги очекува родените во месец април

Angela