EXCLUSIVE MK
Фудбал

Роналдињо со порака до Меси: Кога тој ќе се пензионира…

Еден од најголемите фудбалски волшебници на сите времиња, Роналдињо испрати порака до неговиот добар пријател Лионел Меси кој во овој момент е слободен фудбалер откако му истече договорот со Барселона.

Меси засега е на одмор и поради тоа се уште официјално го нема решено клупското прашање со тоа што информациите се дека тој ќе остане на „Камп Ноу“, поточно ќе потпише нов петгодишен договор. Меѓутоа ова не е потврдено и се додека е така се е отворено, па славниот Роналдињо се одлучи да му даде совет за тоа што треба да направи во овој момент, сегашната ситуација.

-Тој мора да остане, тој историја на Барса. Кога Меси ќе се пензионира, што се надевам дека нема да биде во брзо време, може таму да ја остави „десетката“ и никој повеќе да не ја допре, -вели Бразиелцот за „Тутомеркато“.

Роналдињо многу добро го познава Меси на кого му ги отвори вратите на „Камп Ноу“, односно точно по негово додавање Лео го даде првиот гол за Барселона.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

СКАНДАЛ: Полиција влезе во клупските простории на Баерн Минхен

Angela

Навивачите го мразат најмногу на свет, ама управата на Јунајтед му нуди – нов договор!

Angela

Почина легендарниот играч и тренер на Црвена Звезда, Иван Топлак

Angela